Панел дискусија и промоција на публикација I Дали Северна Македонија е ранлива на економски притисок од НР Кина? I 16.05. 11:00 h

Почитувани партнери, стипендисти и пријатели на КАС,


Фондацијата Конрад Аденауер, Правниот Факултет “Јустинијан Први”-Скопје и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА имаат чест да Ве поканат на панел дискусија и промоција на публикација со наслов “Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Северна Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина? ”.


Промоцијата во форма на панел дискусија ќе се одржи на 16 мај во читалната на Правниот Факултет “Јустинијан Први”-Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Настанот ќе го отворат деканот на Правниот факултет Проф. д-р Сашо Георгиевскии Координаторот на Фондацијата Конрад Аденауер за Западен Балкан и Југоисточна Европа  Александер Берибес.  

Заклучоците од публикацијата ќе бидат презентирани од страна еден од авторите на публикацијата, Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности  ЕСТИМА.

Дискутанти на панел-дискусијата ќе бидат: Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македониjа и професорите при Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје, Проф. д-р Васко Наумовски, Проф. д-р Александар Спасеновски и Проф. д-р Александар Љ. Спасов. 

*Публикацијата која е во издание на Фондацијата Конрад Аденауер и ЕСТИМА  ja анализира ранливоста на Република Северна Македонија кон економскиот притисок од Народна Република Кина во три главни области: трговија, инвестиции и надворешен јавен долг. Потпирајќи се на искуствата од други земји, анализата има за цел да ја подигне свеста за т.н. економска принуда како алатка која ѝ овозможува на Кина да ја искористи својата економска предност против овие земји за да постигне политички цели, со различни исходи.

Работни јазици на настанот се македонски и англиски. Обезбедено е симултано толкување.

Во прилог Ви ја доставуваме програмата за настанот.

Ве молиме Вашето присуство задолжително да го пријавите на мејл на skopje@kas.de или на телефон 02 3217 075 најдоцна до 13 мај (понеделник).

Ќе ни биде драго доколку покажете интерес и го проследите овој настан. 

Со почит,

Фондација Конрад Аденауер 

Правен факултет “Јустинијан Први” – Скопје

Здружение за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux