Со задоволство ве известуваме дека излезе од печат студијата “Движење на криминалот и казнената политика на судовите во Република Северна Македонија во период 2017-2023 година” од авторите Проф. д-р Никола Тупанчески, Проф. д-р Гордана Лажетиќ, Проф. д-р Гордан Калајџиев, Проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, Проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова, Проф. д-р Бобан Мисоски и Проф. д-р Дивна Илиќ Димоски, редовни професори на Институтот за Казнено право на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје при УКИМ.
Оваа студија е изработена во рамки на проектот „Движење на криминалот и казнената политика во РМ во периодот од 2013 до 2017 година“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Истражувањето е особено значајно бидејќи анализата на судската казнена политика е од значење за да се оцени ефикасноста на различните санкции. Односот помеѓу судската практика на казнување и стапките на криминалитет може да бидат значајни за изведување заклучоци за делотворноста на различните санкции и да покажат во која мера се применуваат поедини санкции.
Студијата е достапна на следниот линк.