Посета на студентите на Женскиот центар за поддршка во Скопје

Во рамки на соработката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се организира посета на студентите на Женскиот центар за поддршка во Скопје каде студентите ќе имаат можност да се запознаат со активностите на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. 
При посетата студентите ќе имаат можност да остварат средба со социјална работничка, психолог и правник кој работи на застапување и промена на националните и локални политики, со што ќе бидат подетално воведени во голем број национални аспекти на темата родова еднаквост и родово-засновано насилство.  
Студентите може да се пријават до 12.10.2023 на elenamihajlova@yahoo.com
 
WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux