Почитувани студенти,
Со задоволство ве известуваме дека Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје започна со подготовки за објавување на првиот број на студентското стручно списание „Iustinianus Primus Student Law Review“ – IPSLR.
За таа цел, Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, објавува Повик до сите студенти за доставување на свои трудови за првиот број на IPSLR. Главниот фокус на првиот број на IPSLR е на тема – Развојот на функционалната правна држава и европските интеграции.
Повеќе детали можете да пронајдете во повикот и упатството за авторите.
Крајниот рок за доставување трудови е 15 март 2024 година.
Студентскиот часопис обезбедува платформа за критичка и креативна студентска размисла и дебата во различни области. Се надеваме дека повикот ќе пробуди интерес и со Вашиот труд ќе придонесете кон првиот број на IPSRL.
Срдечен поздрав,
Членовите на Уредувачкиот одбор на IPSLR.