ПОВИК ЗА УЧЕСТВО – Меѓународната научна конференција “When AI Betrays Law and Justice” – 16 септември 2026

Организацискиот одбор на Меѓународната научна конференција 2026 – „Кога вештачката интелигенција ги изневерува правото и правдата: Човекови права, конституционализам и демократска одговорност во алгоритамската ера“ има голема чест и задоволство да го објави учеството на истакнати меѓународно признати експерти, кои ќе ни се придружат во Скопје на значаен меѓународен дијалог за иднината на правото, правдата, човековите права и демократијата во ерата на вештачката интелигенција.

🎓 Организатор:
Правен факултет „Јустинијан Први“
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Конференцијата се организира во рамките на истражувачкиот проект „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на Европската Унија за вештачката интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

КЛУЧНИ ГОВОРНИЦИ

Judit Varga
Основачки покровител, Central European Academy, Универзитет во Мишколц, Унгарија

Laura Kask
Главен извршен директор, Proud Engineers, консултантска компанија за дигитализација, Естонија

Paul Nemitz
Поранешен главен советник за стратегии за дигитална транзиција, Европска комисија и визитинг професор на College of Europe, Германија

Max Hubner
Основач и главен извршен директор на The Change Lawyer, Холандија

✨ Наскоро ќе бидат објавени и други истакнати говорници.

📅 16 септември 2026 година

📍 Хотел „Панорамика“, Скопје

👥 Со физичко присуство

ПРВ ДЕЛ

КЛУЧНИ ГОВОРНИЦИ И ЕКСПЕРТСКИ ПАНЕЛИ

Вештачка интелигенција • Човекови права • Конституционализам • Регулација • Демократска одговорност

ВТОР ДЕЛ

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Јавни перцепции • Корпоративни практики • Институционална подготвеност

Презентација и дискусија за новите емпириски наоди од Северна Македонија.

Конференцијата ќе обедини водечки научници, правни експерти, креатори на политики и практичари со цел да се разгледаат најзначајните прашања поврзани со влијанието на вештачката интелигенција врз човековите права, демократското владеење, правото, правдата и одговорноста.

🎟️ РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ! 

https://forms.cloud.microsoft/Pages/ResponsePage.aspx?id=5UVxxDnulkSgVq_sCPNWZZLcjfS9FB9DkFLrfy6sOX5UN1hQMTJPNVpCTDNHUTdVWk5ZS0JDRUwwWi4u

Учество на конференцијата е бесплатно, но бројот на места е ограничен.
Ги повикуваме сите заинтересирани да се регистрираат навреме и да го обезбедат своето место.

Краен рок за регистрација: 12 септември 2026 година

Со особено задоволство очекуваме да ги пречекаме во Скопје на 16 септември 2026 година истакнатите научници, правни експерти, креатори на политики и практичари од Европа и пошироко.

🌍 Ве покануваме да бидете дел од оваа значајна меѓународна дискусија за вештачката интелигенција, правото, правдата, човековите права и демократијата во алгоритамската ера.

#ВештачкаИнтелигенција #ЧовековиПрава #Конституционализам #ДемократскаОдговорност #AIRegulation #ПравоИПравда #АлгоритамскаЕра #СевернаМакедонија #МеѓународнаКонференција #Скопје #ЈустинијанПрви