Предавања на проф. д-р Елена Игновска на Летната школа за биоетика на Универзитетот во Виена

Во периодот од 8 до 12 јуни 2026 година во Виена, Австрија, се одржа Летната школа „Биоетика: Преминување на дисциплинските граници“ (BioethicsCrossing Disciplinary Boundaries). На настанот учествуваа професори и студенти од повеќе земји, кои низ интерактивни дискусии ги истражуваа комплексните етички предизвици – од почетокот на животот, па сè до одлуките поврзани со неговиот крај.

Во рамките на наставната програма, проф. д-р Елена Игновска одржа воведно предавање на тема „Биоетиката, религијата и човековите права во семејното право“ (BioethicsReligionand Human Rights in Family Law), како и посебно предавање посветено на „Репродуктивната автономија: Помеѓу желбата за дете и правата на децата“ (Reproductive AutonomyBetween the ChildWish and Childrens Rights). На летната школа учествуваше и студентот Христијан Мурџески.

Покрај интензивните академски предавања, учесниците имаа извонредна можност да ги посетат и канцелариите на Обединетите нации во Виена (UNO City).

Летните школи се покажаа како одлична средина за вмрежување на студентите, соработка во меѓународна и интердисциплинарна средина, како и за стекнување нови знаења преку дружење. Се повикуваат студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ да ги следат повиците, да аплицираат и да земат активно учество во годините што следат. Крајните рокови за аплицирање се обично поврзани со средината/крајот на зимскиот и летниот семестар (средина на ноември и почеток на јуни). За повеќе информации, заинтересираните можат да ја контактираат проф. д-р Елена Игновска, како координаторка на мрежата за Правниот факултет.