Проф. Докмановиќ одржа предавање на Универзитетот на Тексас

На 4 март 2018 година, професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и член на Делегацијата на Република Македонија во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот, д-р Мишо Докмановиќ одржа предавање во Акерман центарот за студии на холокаустот на Универзитетот на Тексас во Далас. Темата на предавањето беше „Денот потоа – односот на локалното население кон имотот на депортираните Евреи од окупирана Македонија“.

Предавањето на проф. д-р Мишо Докмановиќ беше овозможено со поддршка од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Акерман центарот на Универзитетот во Тексас.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux