ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ОБУКА ПО БРИТАНСКА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕБАТА

Драги студенти,
 
Центарот за студентска дебата при Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје во соработка со Младинскиот образовен форум (МОФ) организира обука за британска парламентарна дебата. Ги повикуваме сите заинтересирани студенти да се зачленат во дебатниот клуб на Правен факултет и да се пријават за оваа обука.
Обуката е бесплатна и отворена за студентите од УКИМ. Средбите ќе се случуваат еднаш неделно, во просториите на Правен факултет во периодот од октомври до декември 2024 год. По завршување на тренингот сите учесници ќе имаат можност да дебатираат на Национален студентски дебатен турнир.
❗Доколку сметаш дека се пронаоѓаш во светот на дебата, сакаш да научиш аргументирано да се изразуваш и критички да размислуваш, да ја разгориш својата компетитивност и да запознаеш други дебатери, пријави се до 13-ти октомври 2024 година на следниот линк: https://forms.gle/zTDuQSAYp2aVUg1Q7
Сите пријавени на овој формулар ќе бидат контактирани телефонски за повеќе информации околу обуката и започнувањето на предавањата.
Оваа активност е дел од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.