Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во соработка со и Комисијата на Обединетите нации за меѓународно трговско право UNCITRAL, на ден 03.07.2018 година ја организираа еднодневната работилница на тема: United Nations Convention on Transparency in Treaty-based Investor-State Arbitration (New York, 2014) (the “Mauritius Convention on Transparency”). На работилницата учествуваа адвокати, универзитетски професори, претставници на Министерството за правда и Државното правобранителство на Република Македонија, кои непосредно се запознаа со најновите трендови во инвестиционата арбитража.
На работилницата поздравен говор имаа Министерката за правда, проф. д-р Рената Дескоска и Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, проф. д-р Горан Коевски. Предавачи на работилницата беа: проф. д-р Тони Дескоски, Dr. Judith Knieper од секретеријатот на UNCITRAL, г-дин Shane Spelliscy, Претседател на третата работна група на UNCITRAL (ISDS Reform) и Dr. Adela Llatja, проектен менаџер во Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.
Работилницата која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се наоѓа и на листата на официјални настани на UNCITRAL, со што нашиот факултет е единствениот правен факултет во Република Македонија кој воспостави соработка со најзначајната организација во светот за меѓународно трговско право.