РЕЗУЛТАТИ ОД УСПЕХ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ (ПРЕЛИМИНАРНИ РАНГ-ЛИСТИ) – ПРВ УПИСЕН РОК – УЧЕБНА 2024/25 ГОГИНА

Конкурсната комисија за прв циклус студии ги објави Резултатите од успех од средно образование (прелиминарни ранг- листи) на кандидатите за запишување на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во прв уписен рок. Резултатите од успех од средно образование (прелиминарни ранг- листи) се објавени во системот за електронско пријавување и на огласната табла на Факултетот, а може да се преземат  ТУКА.

ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА

На прелиминарната ранг листа на правни студии – нерангирани кандидати –  објавени се кандидатите кои не исполнуваат услов за рангирање на прелиминарната ранг листа на правни студии во државна квота согласно остварениот успех од средно образование. Овие кандидати се изјасниле дека не прифаќаат да се рангираат на прелиминарната ранг листа на правни студии – приватна квота.

Конкурсна комисија

Правна поука

Секој кандидат има право на приговор на резултатите во прелиминарната ранг листа. Приговорот се однесува само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите.

Приговорот може да се упати до Kонкурсната комисија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје најдоцна до 4.9.2023 г., до 16 часот, преку Архивата на Факултетот.

Конкурсна комисија