РЕЗУЛТАТИ ОД УСПЕХОТ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ (ПРЕЛИМИНАРНА РАНГ ЛИСТА) 2023/2024

Конкурсната комисија за прв циклус студии ги објави Резултатите од успех од средно образование (прелиминарната ранг листа) на кандидатите за запишување на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Прелиминарната ранг листа е објавена во системот за електронско пријавување и на огласната табла на Факултетот, а може да се преземе ТУКА.

Секој кандидат има право на приговор на резултатите во прелиминарната ранг листа. Приговорот се однесува само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите.

Приговорот може да се упати до конкурсната комисија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје најдоцна до 6.9.2023 г., до 16 часот, преку Архивата на Факултетот.

Конкурсна комисија

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux