Симулација на судење која се одржа на 29.11. 2016 година на Правниот факултет Јустинијан Први
Во рамите на активностите за 2016 година во однос на анти – дискриминацијата, говорот од омраза и криминалот од омраза, студентите од Правниот факултет Јустинијан Први одржаа симулација на судење во однос на дискриминација од работен однос. Во симулацијата учествуваа 15 студенти со соодветни улоги во спорот. Студентите беа подготвувани од страна на доц. д-р Лазар Јовевски и судиите Бојана Велковска и Хилда Мешкова. Симулацијата се одржа во свечениот амфитеатар на Факултетот, каде поздравно се обрати в.д. деканот на Правниот факултет проф. д-р Сашо Георгиевски, Жанета Поповска како претставник на ОБСЕ, доц. д-р Лазар Јовевски и судија Хилда Мешкова од Основен Суд Скопје 2 Скопје.
Во рамките на симулацијата имаше и мини изложба со теми од дискриминација како да се превенира истата.