Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, соопштува дека на ден 12.01.2024 година (петок) со почеток во 11 часот, докторантката м-р Наташа Донева ќе ја брани својата докторска дисертација на тема „Постконфликтниот уставен инженеринг и улогата на меѓународниот фактор во креирањето на т.н. октроирани устави: дилеми и проблеми“. Одбраната ќе се одржи во салата за состаноци на Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје, (сала за ННС под деканат).
Од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје