Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, соопштува дека на ден 14.09.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот, м-р Томе Гушев ќе ја брани својата докторска дисертација на тема „Парламентите како чинители на политичката социјализација: улогата на нивните едукативни програми во обликувањето на демократската политичка култура кај младите“. Одбраната ќе се одржи во стара сала за ННС на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.