СООПШТЕНИЕ

Почитувани студенти,

во понеделник, 11.12.2023 година, во рамките на наставата кај проф. д-р Александар Љ. Спасов по предметот Вовед во правото за прва година на првиот циклус на правните студии, во амф. 2 од 15.00-16.30 часот ќе се одржи предавање на тема “Решавањето на случаи како метод во германското правничко образование” од д-р Марајке Фроелих од Институтот “Европа” при Универзитетот во Саарбрикен, СР Германија. Предавањето, покрај теоретски, ќе има и практичен карактер со цел студентите по право на нашиот факултет да се запознаат со современите методи во наставата по право на германските правни факултети. На предавањето се поканети и студентите од другите студиски години и циклуси на студии по право на нашиот факултет. За присуство не е потребна претходна најава. Предавањето ќе биде на англиски јазик.