СООПШТЕНИЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ ПРЕДМЕТИ ВО IKNOW СИСТЕМОТ ЗА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

Студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да запишат семестар и предмети во iknow системот во периодот 10-17 февруари 2020 година.

—————————————————-

Студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО прво да ги презапишат предметите кои не ги положиле од претходните летни семестри, а потоа да ги запишат предметите од тековниот летен семестар.

 —————————————————-

Студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги запишат предметите што ќе ги слушаат во летниот семестар во 2019/20 година(вклучително и изборните предмети) и предметите што НЕ ГИ ПОЛОЖИЛЕ од претходниот зимски семестар 2019/20 година во А3 ОБРАЗЕЦОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР.

——————————————————

ТРЕТА ГОДИНА

Студентите од ТРЕТА година кои имаат проблем со електронското досие да се обратат кај Стефан Крстаноски, ИКТ советник, во периодот 10-17 февруари 2020 година во термин 11-14 часот.

Студентите од ТРЕТА година од политички студии, политички студии на англиски јазик, студии по новинарство, односи со јавност, да изберат изборни предмети и да ги запишат во А3 ОБРАЗЕЦОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР.

Студентите од трета година од постари генерации од 2014/15,2015/16, 2016/17 и постари генерации не запишуваат електронски во iknow системот.
——————————————————-

 МАСТЕР

Студентите кои запишуваат ОСМИ семестар по студиите:

Граѓанско материјално и процесно право, Деловно право, Казнено право, Римско право и приватноправна традиција, Историја на правото, Корпоративно право НЕ запишуваат семестар и предмети во IKNOW.

На денот за запишување на летен семестар во Службата за студентски прашања пополнуваат  ЛИСТ на кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да одберат МОДУЛ и да ги запишат ПРЕДЕМТИТЕ што ќе ги слушаат во осмиот семестар.

Во прилог е линк од студиите.

/правни-студии/

/politichki-studii/

/studii-po-novinarstvo/

/odnosi-so-javnost/

Студентите од другите погоре НЕНАБРОЈАНИ насоки кои запишуваат ОСМИ и сите од ДЕСЕТТИ семестар да запишат предмети или МАГИСТАРСКИ ТРУД соодветно во Iknow системот.

——————————————-

Во ПРИЛОГ подолу е поставен линк од прирачникот за работа со iknow системот(запишување на семестар и предмети).

ТУКА