„Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“ (сведоштва од Холокаустот)

„Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“ (сведоштва од Холокаустот) е јавен настан кој ќе го водат студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје кои го следат курсот по Антисемитизам, Холокауст и човекови права. Настанот е фокусиран на 5 клучни теми: Животот во гетата, Духовниот отпор во гетата (архивата на Ојнег Шабес), Востанието во Варшавското гето, Идентитетски карти и, искуствата на Холокаустот низ призма на меѓународните судски процеси.
Преземајќи го гласот на жртвите и поддржувајќи се меѓусебно во раскажувањето на приказните на жртвите на својата публика, студентите целат кон ширење на разбирањето на историјата на Холокаустот од длабоко лична перпсектива на пошироката академска заедница.
Студентите се подготвуваа под менторство на проф. Елена Михајлова Стратилати.

Организатор на настанот е Универзитетската програма за изучување на Холокаустот со помош од Конференцијата за еврејските материјални побарувања од Германија и германското Сојузно Министерство за финансии.