Со гордост ја истакнуваме ангажираноста и посветеноста на студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први’ (односи со јавност и правните студии), Марко Поповски, Анастасија Дулер, Сања Јанкова, Сара Андреева, Магдалена Ивановска и Теодора Недиќ, кои на 29ти и 30ти декември, успешно учествуваа во организација на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Преку активното учество, тие станаа дел од важен меѓународен настан и имаа можност да се запознаат со комплексните аспекти на протоколите и организацијата на важни настани. Се стекнаа со елементарни знаења, вештини и искуство за успешно функционирање на комплексни сценарија и протоколи на важни настан.
Ние, како институција, сме почетници во развивањето на лидери и стручњаци во областа на односите со јавност и ги подржуваме нашите студенти во секој можен начин. Искористувајќи ги можностите за вакви искуства ги подготвуваме за предизвиците кои ги носи современиот свет.
Искуството на нашите студенти беше не само образовно, туку и инспиративно. Се надеваме дека ова искуство ќе биде само едно во низата на нивни успеси и професионалната иднина.