2.12.2024 г. На Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје традиционално се одржа XXVII Ораторска вечер „Иво Пухан“, оваа година под покровителство на Н.Е. Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова. Настанот беше поддржан од Државната лотарија на Република Северна Македонија, адвокатската канцеларија „Анита Бегова“ и помогнат од Клубот на оратори при Правниот факултет.
Присутните имаа можност да ги слушнат говорите на десетте финалисти Иван Јангелов, Сара Костуранова, Софија Бислимоски, Ангела Кекеновска, Драган Ѓуровски, Теа Димковска, Милица Давчева, Ведрана Петрова, Мерсине Деминова и Лина Рангелова.
Првата награда ја освои Софија Бислимоски за говорот „Во штиклите на македонската жена“ која ја доби и специјалната награда за најдобар сценски настап „Бранко Ѓорчев“. Втората награда ѝ припадна на Теа Димковска за говорот „Перспективата на младиот човек во Македонија“ а третата на Милица Давчева за говорот „Македонскиот работник“.
Благодарност до студентите што ја препознаваат иницијалната идеја на ораторската вечер како израз на слободната мисла и говор.