Почитувани студенти,
Со задоволство ве информираме дека започна пријавувањето за курсевите за холокаустот во зимските семестар на учебната 2024/25 година. Програмата се реализира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во соработка со Конференцијата на еврејските материјални побарувања од Германија (Claims conference New York).
Курсевите кои траат 10 седмици (1 предавање секоја седмица) се бесплатни и отворени за сите студенти на УКИМ. Пријавувањето трае до 3 октомври 2024 година.
Повеќе информации на https://pf.ukim.edu.mk/holokaust/
Со помош од Конференцијата за еврејските материјални побарувања од Германија.
Поддржано од Фондацијата „Сеќавање, одговорност и иднина“ и германското Сојузно Министерство за финансии.