На 13 март 2024 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа проекција и дискусија за документарниот филм „Наследството на Фриц Бауер“. На проекцијата присуствуваа и студентите кои ги посетуваат курсевите за изучување на холокаустот кои Правниот факултет „Јустинијан Први“ ги реализира со поддршка на Claims conference New York (Конференција за еврејските материјални побарувања од Германија) во учебната 2023/24 година. Присутните ги поздравија директорот на Фондот на холокаустот, Горан Садикаријо, заменик амбасадор на Германија во Скопје, Ото Граф и нашата проф. д-р Александра Груевска Дракулевски кои и дискутираа за филмот. Проекцијата на филмот беше во организација на Центарот за истражување на холокаустот, антисемитизмот и масовните злосторства на нашиот Факултет, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и германската амбасада во Скопје.