ПОВИК ЗА УЧЕСТВО – Работилница: „Вештачката интелигенција и правото – предизвици, дилеми, можности“

На 18 ноември 2025 година, во Библиотеката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, ќе се одржи специјална работилница посветена на тоа како вештачката интелигенција веќе го менува правото, кои се ризиците и етичките дилеми, и како националното право треба да се усогласи со европската регулатива за ВИ.
Настанот се реализира во рамки на проектот „Усогласување на македонскиот правен систем со законодавството на ЕУ за вештачка интелигенција“, финансиран од Министерството за образование и наука.
Место: Библиотека, ПФ „Јустинијан Први“
Датум: 18.11.2025
Регистрација: 10:30 – 11:00 ч.
Програма: Преземете ТУКА.
Пријавувањето е задолжително и трае до 14.11.2025 (петок).
Кој да се пријави?
  • студенти на Правен факултет 
По завршувањето ќе се доделат сертификати за учество.
„Да бидеме правници подготвени за AI предизвиците.“
Ве очекуваме!