ПРВ УПИСЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ НА ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА

 

 

Рок за пријавување и запишување

 

Прв уписен рок

Пријавување на кандидатите

07.09.2026 – 21.09.2026

Објавување прелиминарни листи

24.09.2026

Одлучување по приговори

28.09.2026

Објавување конечни листи

01.10.2026

Запишување на кандидатите

05.10.2026 – 09.10.2026

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ:

На докторски студии можат да се запишат лица кои завршиле соодветни академски студии и кои ги исполнуваат следниве основни услови:

− завршени втор циклус академски студии со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити од првиот и вториот циклус студии збирно;

− завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити за организирана академска обука и предавања и друг вид комуникациски активности;

− стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити, или со завршени интегрирани студии со 360 кредити;

− остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 8. Наставно-научниот/научниот /наставно-научниот и уметнички совет, со воведување на дополнителни услови, може да овозможи запишување на кандидат со остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 7,5, само  по исклучок, доколку се исполнети дополнителните услови утврдени од советот на студиската програма;

− Сертификат/уверение за познавање на англиски јазик. Познавање на англиски јазик, што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) и/или постдипломски студии (втор циклус) каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ:

Административно право: 

Остварен просечен успех од претходно завршеното образование најмалку 7,5 за секој степен на образованието посебно за кандидати кои завршиле додипломски четиригодишни студии VII/1 и последипломски студии, односно втор циклус студии едногодишни студии;

Кандидати со 10 години работно искуство во: соодветна регулирана професија; институција како вработени во јавниот сектор група I (работни места на административни службеници) или група III (работни места на даватели на јавни услуги) согласно Законот за вработените во јавниот сектор; или правно лице на кое со закон му е доверено да врши јавно овластување на работно место поврзано со дејност од јавен интерес.

Казнено право:

Остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии) од најмалку 7.50, доколку пријавениот кандидат има најмалку десетгодишно работно искуство во: правосудни органи, други правни професии или работа на правни прашања во други правни лица.

 – За останатите кандидати важи условот за остварен просечен успех од најмалку 8.00 од претходно завршеното образование (прв и втор циклус посебно, односно на интегрираните студии)

Јавна администрација:

Остварен просечен успех од претходно завршеното образование најмалку 7,5 за секој степен на образованието посебно за кандидати кои завршиле додипломски четиригодишни студии VII/1 и последипломски студии, односно втор циклус студии едногодишни студии;

Кандидати со 10 години работно искуство во: соодветна регулирана професија; институција како вработени во јавниот сектор група I (работни места на административни службеници) или група III (работни места на даватели на јавни услуги) согласно Законот за вработените во јавниот сектор; или правно лице на кое со закон му е доверено да врши јавно овластување на работно место поврзано со дејност од јавен интерес.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

VII. Начин на пријавување и документи за пријавување 

При пријавувањето за запишување на студиската програма на трет циклус студии-докторски студии, кандидатите ги поднесуваат следниве документи во оригинал или фотокопија заверена на нотар:

  1. пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
  2. првична согласност на ментор од листата на ментори;
  3. писмо за мотивација со назначување на областа на истражување;
  4. кратка биографија;
  5. уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
  6. уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
  7. диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
  8. диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
  9. сертификат/уверение за познавање на англиски јазик. Познавање на англиски јазик, што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) и/или постдипломски студии (втор циклус) каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик.
  10. кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус студии – докторски студии, како и еквиваленција на оценките, доколку системот на оценување е различен од Република Северна Македонија.

 

Пријавите се поднесуваат преку м-р Мелиса Кубур, соработник за магистерски и докторски студии.

За сите дополнителни информации, Ве молиме да се обратите на електронската адреса: m.kubur@pf.ukim.edu.mk.

 

Листа на ментори со број на слободни места по студиска програма:

Листата на ментори со број на слободни места по студиска програма е објавена на веб-страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје:  Ментори при Школата за докторски студии – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

* Пријавување во вториот уписен рок има само за студиските програми кои ќе одлучат за реализација и во втор уписен рок.