СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА

СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА СИСТЕМОТ WWW.UPISI.UKIM.MK

Уписот во прва година во учебната 2026-2027 година, ќе се одвива со физичко присуство, односно сите оригинални документи кандидатите ќе ги достават на датумот од уписниот рок за пријавување на кандидатите.

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВА ГОДИНА

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

 

Прв рок

Втор рок

Трет рок

За странски студенти

Пријавување на кандидатите

18 и 19.8.2026

10 и 11.9.2026

23.9.2026

 до  29.9.2026

Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа)

24.8.2026

15.9.2026

 

 

Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)

27.8.2026

17.9.2026

 

до 30.9.2026

Запишување на кандидатите

3 и 4.9.2026

21.9.2026

28.9.2026

 1.10.2026

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА УПИС

 Пред поднесување на документи во роковите утврдени со Конкурсот секој заинтересиран кандидат задолжително треба да се регистрира и да пополни електронска пријава на www.upisi.ukim.mk.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. потпишани универзитетски пријавен лист и интерен пријавен лист (генерирана од iKnow-системот);
  2. оригинални свидетелства од сите класови;
  3. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  4. извод од матичната книга на родените; (оригинал)
  5. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оригинал);
  6. потврда за уплатa:

– Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на

примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);

 – Потврда за уплатени 300,00 денари на образец ПП50 на следната жиро сметка:

Назив на примач:

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Банка на примач:

НБРМ

Цел на дознака:

Пријавување за упис на УКИМ – Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Трансакциска сметка:

100000000063095

Сметка на буџетски корисник:

1600103700-788-11

Приходна шифра и програма:

723012 програма 41

  1. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги прикачуваат, освен горенаведените, и документите наведени

во глава VI, точка 6 од Конкурсот.

 

ЗАБЕЛЕШКА: Бидејки пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.

При поднесување на докуметите во службата за студентски прашња покрај оригиналните документи кандиатите потребно е да достават и копија од истите.

 

 

 

 

 

.