|
Рок за пријавување и запишување |
Прв уписен рок |
|
Пријавување на кандидатите |
07.09.2026 – 21.09.2026 |
|
Објавување прелиминарни листи |
24.09.2026 |
|
Одлучување по приговори |
28.09.2026 |
|
Објавување конечни листи |
01.10.2026 |
|
Запишување на кандидатите |
05.10.2026 – 09.10.2026 |
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ:
На докторски студии можат да се запишат лица кои завршиле соодветни академски студии и кои ги исполнуваат следниве основни услови:
− завршени втор циклус академски студии со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити од првиот и вториот циклус студии збирно;
− завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити за организирана академска обука и предавања и друг вид комуникациски активности;
− стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити, или со завршени интегрирани студии со 360 кредити;
− остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 8. Наставно-научниот/научниот /наставно-научниот и уметнички совет, со воведување на дополнителни услови, може да овозможи запишување на кандидат со остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 7,5, само по исклучок, доколку се исполнети дополнителните услови утврдени од советот на студиската програма;
− Сертификат/уверение за познавање на англиски јазик. Познавање на англиски јазик, што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) и/или постдипломски студии (втор циклус) каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик.
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ:
Административно право:
Остварен просечен успех од претходно завршеното образование најмалку 7,5 за секој степен на образованието посебно за кандидати кои завршиле додипломски четиригодишни студии VII/1 и последипломски студии, односно втор циклус студии едногодишни студии;
Кандидати со 10 години работно искуство во: соодветна регулирана професија; институција како вработени во јавниот сектор група I (работни места на административни службеници) или група III (работни места на даватели на јавни услуги) согласно Законот за вработените во јавниот сектор; или правно лице на кое со закон му е доверено да врши јавно овластување на работно место поврзано со дејност од јавен интерес.
Казнено право:
Остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии) од најмалку 7.50, доколку пријавениот кандидат има најмалку десетгодишно работно искуство во: правосудни органи, други правни професии или работа на правни прашања во други правни лица.
– За останатите кандидати важи условот за остварен просечен успех од најмалку 8.00 од претходно завршеното образование (прв и втор циклус посебно, односно на интегрираните студии)
Јавна администрација:
Остварен просечен успех од претходно завршеното образование најмалку 7,5 за секој степен на образованието посебно за кандидати кои завршиле додипломски четиригодишни студии VII/1 и последипломски студии, односно втор циклус студии едногодишни студии;
Кандидати со 10 години работно искуство во: соодветна регулирана професија; институција како вработени во јавниот сектор група I (работни места на административни службеници) или група III (работни места на даватели на јавни услуги) согласно Законот за вработените во јавниот сектор; или правно лице на кое со закон му е доверено да врши јавно овластување на работно место поврзано со дејност од јавен интерес.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
VII. Начин на пријавување и документи за пријавување
При пријавувањето за запишување на студиската програма на трет циклус студии-докторски студии, кандидатите ги поднесуваат следниве документи во оригинал или фотокопија заверена на нотар:
- пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
- првична согласност на ментор од листата на ментори;
- писмо за мотивација со назначување на областа на истражување;
- кратка биографија;
- уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
- уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
- диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
- диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
- сертификат/уверение за познавање на англиски јазик. Познавање на англиски јазик, што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) и/или постдипломски студии (втор циклус) каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик.
- кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус студии – докторски студии, како и еквиваленција на оценките, доколку системот на оценување е различен од Република Северна Македонија.
Пријавите се поднесуваат преку м-р Мелиса Кубур, соработник за магистерски и докторски студии.
За сите дополнителни информации, Ве молиме да се обратите на електронската адреса: m.kubur@pf.ukim.edu.mk.
Листа на ментори со број на слободни места по студиска програма:
Листата на ментори со број на слободни места по студиска програма е објавена на веб-страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје: Ментори при Школата за докторски студии – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
* Пријавување во вториот уписен рок има само за студиските програми кои ќе одлучат за реализација и во втор уписен рок.