ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Правен Факултет – Скопје

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
  2. Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик.
  3. Студентот да поседува организациски вештини, ориентираност кон тимска работа и иницијативност.
  4. Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.

 

 

Времетраење на пракса:

Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во сектор Човечки ресурси, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 02.04.2018 год.

 

Обврска на практикантот:

  • да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
  • континуирано да води дневник за текот на праксата.
  • задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.

 

Обврска на компанијата:

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

 

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr.

 

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.

 

Огласот е отворен најдоцна до 21.03.2018год.