Правен факултет ” Јустинијан Први ” во Скопје организира Ораторската вечер ” Иво Пухан “

Организациониот одбор на Ораторската вечер ” Иво Пухан ” објавува ПОВИК за учество на XXI Ораторска вечер ” Иво Пухан ”

Во прилог се дополнителните информации како и пријавување за учество. ТУКА

Научна конференција на тема „Данокот на додадена вредност“

konferencija-na-tema-ddv

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на 3 мај 2017 година се одржа научна конференција на тема „Данокот на додадена вредност – измени во однос на физичките лица: дилеми и перспективи“.

Научната конференцијата ја отворија проф. д-р Горан Коевски, Декан на Факултетот и проф. д-р Владимир Петрушевски, Проректор на konferencija-na-tema-ddv-2Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Проф. д-р Весна Пендовска, како воведничар се осврна на развојот на даночното законодавство во Република Македонија. Проф. д-р Александра Максимовска ги анализираше прашањата кои отвораат дилеми околу примената на новите правила во законската регулатива за ДДВ, додека проф. д-р Ванчо Узунов се осврна на прашањата на импликациите на новите правила за оданочување, односно скриена прогресија преку ДДВ. Во своето излагање, проф. д-р Александар Стојков даде компаративен преглед на правилата за ДДВ во поглед на прагот на регистрација во Европската унија и во Република Македонија. Можностите и опасностите од даночна евазија поради измената на ДДВ-регулативата беа предмет на анализа на доц. д-р Јован Зафировски, додека д-р Елена Ќосева се осврна на прашањата за уставноста и забраната за ретроактивното важење на новите правила за ДДВ.

На конференцијата учествуваше и генералната директорка на Управата за јавни приходи на Република Македонија, г-а Анастасија Илиевска, која што го истакна значењето на вакви дискусии во насока на унапредување на даночното законодавство во Република Македонија.

Посета на студенти од Универзитетот во Нејмеген, Кралство Холандија

poseta-na-studenti-od-Holandija

poseta-na-studenti-od-Holandija-2На 28 април 2017 година, посета на Правниот факултет „Јустинијан Први“ оствари група студенти на Универзитетот во Нејмеген, Кралство Холандија, кои беа заинтересирани да се сретнат со наставниот кадар на факултетот но пред се со нивните колеги од политичките студии со цел размена на искуства и контакти. Студентите, кои се студенти на политичките студии на Универзитетот во Нејмеген, ги пречекаа продеканката за меѓународна соработка доц. д-р Ирена Рајчиновска – Пандева и раководителот на институтот за политички студии проф. д-р Ненад Марковиќ. На студентите им беше одржана поздравна реч и им беше презентирана програмата на политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“. По формалната средба, студентите гости се сретнаа со група на студенти од нашиот факултет, разменувајќи искуства за процесот на студирање, можностите за студирање и компаративни искуства од академскиот живот на двата универзитети.

Професорот Докмановиќ одржа предавање на Универзитетот Принстон

предавање на Универзитетот Принстон во САД

На 8 април 2017 година проф. д-р Мишо Докмановиќ одржа предавање на Универзитетот Принстон во САД. Неговото излагање на тема „Slavic World Meets the Turks: the Transformation of the Family in 14th – 15th Century Ottoman Macedonia“ беше фокусирано на трансформацијата на семејството во Македонија во XIV и XV век и факторите и процесираат кои истото го детерминираат.
Предавањето беше одржано во рамките на меѓународната конференција „Family in the Premodern World – A Comparative Approach“ која се одржа на овој престижен американски универзитет. Нашиот професор беше еден од дванаесетте професори од целиот свет кои беа поканети да се обратат на оваа конференција. Универзитетот Принстон е рангиран како шести во светот на последната објавена Шангајска листа.

HATCH ACT UNIT –презентација

prezentacija

HATCH ACT UNIT –презентација

На 28.02.2017 година, Правниот факултет „Јустинијан Први“ во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија и Здружение на млади правници, организираше презентација на Hatch Act. Презентер гостин беше Ana Galindo-Marrone –шеф на Hatch Act Unit. На презентацијата присуствуваа студенти од правните и политичките студии.

Стручна дебата за Hatch Act –Американско и македонско искуство 

prezentacija-2На 28.02.2017 година Правниот факултет „Јустинијан Први“ во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија и Здружение на млади правници, организираше стручна дебата за Hatch Act –Американско и македонско искуство. На дебата учествуваа Ana Galindo-Marrone –шеф на Hatch Act Unit, проф. д-р Љубомир Д. Фрчкоски, проф. д-р Рената Дескоска и проф. д-р Ана Павловска Данева. Дебатата ја проследија наставници и студенти од правните и политичките студии на Правниот факултет.

Прослава на 65 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“

лого

Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во ноември и декември со низа настани ја одбележа 65 годишнината од своето основање.

На 3ти ноември 2016та година, одбележувајќи го основањето на Факултетот во 1951 година како Правно-економски факултет се одржа средба на генерациите. Наставниците кои што се во пензија, но истовремено и дел од академската заедница и наставниците и соработниците активни на Факултетот разменија мислења за развојот на правничкото образование и правната наука во изминатите години, улогата и значењето на Факултетот во градењето на демократските институции во државата и севкупниот развој на општествениот и на политичкиот систем на Република Македонија. https://onlineslotscasinoz.com/

Централните манифестации за одбележување на 65 годишнината и на и 10ти декември – Меѓународниот ден на правата на човекот се одржаа во средината на декември и опфатија низа активности .

На 15.12.2016 година се одржа Академија по повод 10-ти декември – Меѓународниот ден на правата на човекот. На Академијата свое обраќање имаа Н.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и доц.  д-р Елена Михајлова Стратилати во својство на модератор. Настанот беше проследен со многубројна публика во која најголемиот дел беа студентите од сите студиски програми и циклуси на Правниот факултет. Потоа беше одржана презентација на публикации на наставниот кадар на Факултетот издадени во текот 2015/2016 година и промоција на зборници и годишници на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и тоа: Годишник во чест на проф. д-р Јане Миљоски, Годишник во чест на проф. д-р Петар Манговски и Зборник од меѓународната конференција ,,Медиуми и човекови права”.

Оваа година, дваесетти пат се одржа Ораторската вечер „Иво Пухан“. Манифестацијата, традиционално се организира за да се овозможи развој и промоција на ораторките вештини на студентите, но и да им се овозможи форум каде ќе ги изразат своите ставови за општеството во кое живеат.

На 19.12.2016 година во Аулата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше одржан Свечен прием по повод 65 годишнината на Факултетот. На самата свеченост пригодно обраќање имаа проф д-р Сашо Георгиевски, в.д. Декан на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје и  проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Настанот беше исползуван за доделување на пофалници за студенти кои постигнале успех на меѓународни натпревари и спортски натпревари. Прославата традиционално беше затворена со настап на најдобрите оратори на XX-та Ораторска вечер „Иво Пухан“.

Симулација на судење

simulacija-sudenje

Симулација на судење која се одржа на 29.11. 2016 година на Правниот факултет Јустинијан Први

Во рамите на активностите за 2016 година во однос на анти – дискриминацијата, говорот од омраза и криминалот од омраза, студентите од Правниот факултет Јустинијан Први одржаа симулација на судење во однос на дискриминација од работен однос. Во симулацијата учествуваа 15 студенти со соодветни улоги во спорот. Студентите беа подготвувани од страна на доц. д-р Лазар Јовевски и судиите Бојана Велковска и Хилда Мешкова. Симулацијата се одржа во свечениот амфитеатар на Факултетот, каде simulacija-sudenje-2поздравно се обрати в.д. деканот на Правниот факултет проф. д-р Сашо Георгиевски, Жанета Поповска како претставник на ОБСЕ, доц. д-р Лазар Јовевски и судија Хилда Мешкова од Основен Суд Скопје 2 Скопје.
Во рамките на симулацијата имаше и мини изложба со теми од дискриминација како да се превенира истата.

Обични херои – Хелсиншки комитет

obichni-heroi

helsinshki-komitet-obichni-heroiНа 28.11.2016 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше одржана младинската работилница насловена како “Обични херои” во соработка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Центарот за пост-конфликтно истражување (БиХ). Работилницата траеше два дена. На првиот ден воведно обраќање имаше в.д. продеканката за наука и меѓународна соработка доц. д-р Ирена Рајчиновска Пандева, беше одржана работилница со Татјана Миловановиќ од Центарот за пост-конфликтно helsinshki-komitet-obichni-heroi-2истражување – проекција на документарни филмови и разговори за проектот „Обични херои“ (прв дел) и предавање на д-р. Ана Чупеска Станишковска на тема „Национално помирување и транзициска правда: контекстот на Република Македонија“. На вториот ден беше одржана работилница со Татјана Миловановиќ и проекција на документарни филмови од проектот „Обични херои“ (втор дел), предавање на д-р. Ирина Талевска на тема „Обичните херои на Холокаустот“ и разговор со Кристина Озимец на тема граѓанско новинарство и дигитален активизам.

Предавање на тема изборите во САД и медиумите

predavanje-izbori-vo-sad

predavanje-izbori-vo-sad-2Американските новинари Barbara Cochran и John Cochran одржаа две предавања на тема ,,Изборите во САД и медиумите” на 18 и 19.10.2016 година на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”. На предавањата присуствуваа студенти од сите студиски програми од прв и втор циклус.