Доделување на сертификати за завршените курсеви за холокаустот

Вчера во Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа свеченото доделување на сертификати на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои ги завршија новите курсеви за изучување на холокаустот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, реализирани со поддршка на Конференцијата на еврејските материјални побарувања од Германија – Њујорк (Claims conference).

Деканот на Факултетот – проф. д-р Сашо Георгиевски и раководителот на Програмата на курсеви за холокаустот- проф. д-р Мишо Докмановиќ им доделија сертификати на педесет студенти на Универзитетот кои успешно ги завршија курсевите во зимскиот.

Покрај доделувањето на сертификатите, беше отворена и изложбата Аушвиц – Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“, која ја прикажува единствената позната визуелна документација за пристигнувањето на транспорт на Евреи во Аушвиц-Биркенау. Изложбата ја отвори Горан Садикаријо – директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а настанот се обратија и амбасадорите на Израел – Симона Франкел и на СР Германија – Петра Дрекслер.

На Горан Садикаријо и на Фондот на холокаустот им беше врачена плакета за посебни заслуги во развојот на изучувањето на холокаустот на Факултетот, унапредувањето на соработката и поддршката на студентите и професорите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Отворањето на изложбата и доделувањето на сертификатите беше реализирано во рамки на одбележувањето на 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

Пријавувањето за курсевите за холокаустот во летниот семестар ќе започне на 29 јануари 2024 година. Следете не за повеќе детали.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux