Се известуваат студентите дека во рамките на студиската програма договорно право, што се слуша како задолжителна од седми семестар на насоката по граѓанско материјално право и граѓанско процесно право, покрај редовната настава ќе се организира и практична настава. Практичната настава ќе се одвива преку посета на граѓански судења во Основниот суд Скопје 2 Скопје. Од тие причини, во прилог е даден список на студенти, согласно расположливите податоци доставени од Студентската администрација. Доколку некои студенти не се наоѓаат на списокот во прилог, се молат да се пријават кај проф. д-р Ненад Гавриловиќ со испраќање на име и презиме и бр. на индекс на neno.gavrilovic@gmail.com, најдоцна до 22.11.2017 година (10:00 часот). По изминувањето на овој термин ќе бидат објавени датумите и составот на групите за посета на судења.
Во прилог е списокот на студенти по насоката по граѓанско материјално право и граѓанско процесно право. ТУКА
Н. Гавриловиќ