- ПРИЈАВУВАЊЕ ВО
АПРИЛСКИ ИСПИТЕН РОК
Пријавување испити на втор циклус студии во априлски испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, во периодот од
18.03.2024 до 20.03.2024 година,
Начин и постапка на пријавување:
- ЕЛЕКТРОНСКИ
- Студентите пријавуваат во iKnow системот од 18.03.2024 до 20.03.2024, следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
- ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
- По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања од 18.03.2024 до 20.03.2024, така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.
Распоредот можете да го преземете на следниот ЛИНК.