Конференција на тема – „Систем за рано откривање на исчезнати лица“ во организација од ЕЛСА

Драги ЕЛСАши,
 
📢 Чест ни е да Ве поканиме на уште една интересна конференција на една доста чувствителна тема. Овој настан го одбележуваме со тема којашто станува за жал се’ поактуелна – „Систем за рано откривање на исчезнати лица“.
 
➡️ Како функционира овој систем во Македонија и во светот? 
➡️ Каква е постапката за исчезнатите лица?
➡️ Како стојат работите во меѓународната правосудна пракса во однос на ваквиот систем?
 
📣 За сите овие прашања, како и за многу други аспекти на темата, ќе зборуваме со:
 
🗣️ Ленче Ристовска – Јавна обвинителка од Основно Јавно Обвинителство во Скопје, како и со други говорници кои ќе ви ги најавиме како дополнително изненадување на настанот.
 
Настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на Правен факултет „Јустинијан Први“ на 18.03.2024 година (понеделник) со почеток од 17:30 часот. 
 
✔ Доколку имате интерес да го продлабочите вашето знаење со уште една нова доктрина, Ве поттикнуваме да го пријавите вашето учество на applications@mk.elsa.org најдоцна до 17.03.2023 година (недела) до 23:59 часот.
 
Котизацијата за учество изнесува 100 денари за ЕЛСА членови, а 200 денари за надворешни членови.
 
За секој учесник следува сертификат.
 
Ве очекуваме!
 
ЕЛСАшки поздрав! ⚖️
WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux