Почитувани студенти,
во претстојната дополнителна (казнена) сесија мартовска сесија во академската 2017/2018 година, влезниот колоквиум по предметот Финансово право ќе се спроведе на 19.3.2018 (понеделник) во 11 часот во амф.2, додека пак завршниот (писмен) испит на 22.3.2018 (четврток) во 10 часот во амф.2.
Право да полагаат во оваа сесија имаат студентите кои имаат положено влезен колоквиум и кои испитот ЗАДОЛЖИТЕЛНО ќе го пријават со поднесување на пријавен лист и доказ за уплатен административен надоместок до Службите на студентски прашања заклучно со 19.3.2018. Студентите кои нема да го испочитуваат овој услов, нема да имаат право да полагаат во овој термин.
Во случај на некои нејаснотии или потреба од консултации, студентите да ја контактираат доц.д-р Елена Нешовска Ќосева на маил e.neshovska@pf.ukim.edu.mk или во приемно време (понеделник и среда од 11-13 часот).