Фокус група по повод второ издание на книгата Антидиксриминациско право

Антициганизмот е распространет облик на дискриминација и предрасуди кон Ромите, кој опстојува во континуитет. Тој ги опфаќа стереотипите, пристрасноста и системските нееднаквости со кои се соочуваат поединците Роми, ограничувајќи го нивниот пристап до образование, здравствена заштита, домување, вработување и социјални услуги.

Токму затоа од клучно значење е да разговараме и размислуваме за начините на кои можеме да работиме заедно за борба против дискриминацијата.
Во рамките на денешната работилница, која се одржа на Правниот факултет на фокус групата составена од студенти ги отворивме овие прашања со цел да изградиме свет во кој секој човек, без разлика на неговата етничка припадност, може да ужива еднакви права, можности и почит.
Голема благодарност до Совет на Европа кој ги поддржува ваквите проект.
WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux