Јавна подготвителна рунда за moot court натпреварот Philip C. Jessup

Драги студенти и професори, 

 

Ни претставува особено задоволство да ве поканиме на јавната подготвителна рунда на студентскиот тим од Правниот факултет „Јустинијан Први“ за меѓународниот Moot Court натпревар Phillip C. Jessup на 26.03.2024 (вторник) од 15 часот во свечениот амфитеатар. 

Меѓународниот натпревар Philip C. Jessup е најстариот и најголемиот Moot Court натпревар по меѓународно право во светот, кој се оддржува повеќе од 60 години по ред, а на него учествуваат над 700 правни факултети од целиот свет. Истиот претставува симулација на случај помеѓу две држави пред Меѓународниот суд на правдата. Завршните меѓународни рунди од овогодинешниот натпревар ќе се одржат од 30 март до 6 април 2024 година во Washington DC, USA.

Овој настан е одлична шанса да се запознаете со натпреварот, да погледнете како изгледа една рунда на тимот и како учесниците се подготвуваат. Воедно, ќе понудите и морална поддршка на тимот пред нивното заминување.

 

Ве очекуваме,

Студентскиот Jessup тим на Правниот факултет.

 

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux