На 4.12.2017 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Државната Комисија за спречување на корупцијата. Меморандумот за соработка има за цел размена на искуства, знаења, едукација, литература и усовршување на кадри од областите во кои двете институции имаат интереси. Дополнително со Меморандумот се уредуваат меѓусебните односи во делот на студентска пракса.