МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО – термини за квалификационен колоквиум и завршен испит – јунска испитна сесија

Почитувани студенти,
Испитот по меѓународно приватно право ќе се одржи во следниве термини:
прв термин: 23.05.2018 година во 10:00 часот (пријавување на испитот преку Службата за студентски прашања најдоцна до 21.05.2018 година)
втор термин: 14.06.2018 година во 09:30 часот (пријавување на испитот преку Службата за студентски прашања најдоцна до 12.06.2018 година)
Квалификациониот колоквиум ќе се одржи во следниве термини:
прв термин: 22.05.2018 година во 10:00 часот
втор термин: 12.06.2018 година во 09:30 часот.
Завршниот испит задолжително се пријавува преку Службата за студентски прашања, најдоцна два дена пред одржување на завршниот испит со поднесување на пријава. На пријавата задолжително да се наведе датумот кога ќе се полага испитот. Право на полагање на завршен испит имаат студентите кои испитот уредно го пријавиле и го имаат положено квалификациониот колоквиумСтудентите кои нема да го пријават испитот нема да може да го полагаат завршниот испит. Списоците со студенти со право на полагање ќе бидат објавени еден ден пред одржување на завршниот испит.
WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux