Врз основа на членот 7, став 1 и членот 4, став 1, алинеја 2 од Одлуката за распишување на избори за претседател на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје (арх. бр. 03-485/1 од 9.4.2026 година), како и членовите 10 и 11 од Правилата за спроведување на избори за претседател на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на ден 13.5.2026 година, Изборната комисија на ден 29.4.2026 година ја донесе следнава:
ОДЛУКА
- Во согласност со Правилата за спроведување на избори за претседател на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на ден 13.5.2026 година, во предвидениот рок (29.4.2026 година, до 12:00 часот) во Архивата на Факултетoт не беше поднесена ниту една пријава за кандидатура.
- Со оглед на наведеното, Изборната комисија донесе Одлука за запирање на изборниот процес. Одлуката е конечна.
- Изборната комисија го задолжува IT администраторот да ја објави Одлуката на веб-страницата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Претседател на Изборната Комисија,
доц. д-р Теа Лалевска, с.р.