ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ЛЕТЕН ИСПИТЕН РОК
Пријавувањето на испити за прв и втор циклус студии во летниот испитен рок ќе се врши електронски, преку системот iKnow, како и со физичко поднесување на пријави во Службата за студентски прашања, во периодот:
од 11.05.2026 до 15.05.2026 година.
Студентите од прва и втора година на прв циклус студии, како и сите студенти на втор циклус студии, пријавувањето го вршат исклучиво електронски. Хартиените пријави ги доставуваат кај предметниот наставник на денот на испитот.
Студентите од трета година на прв циклус студии, покрај задолжителното електронско пријавување, пријавувањето го вршат и преку Службата за студентски прашања, со доставување на хартиени пријави.
НАПОМЕНА:
Доколку студентот нема електронска пријава, нема право да полага испит.
Доколку студентот има технички проблем при пријавување испит, треба да се обрати во Службата за студентски прашања.
Распоредот можете да го преземете на следниот ЛИНК.
ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ВО ЛЕТНИОТ ИСПИТЕН РОК
Пријавувањето на испити за прв и втор циклус студии во дополнителниот термин ќе се врши електронски преку системот iKnow, како и со физичко поднесување во Службата за студентски прашања, на следниот датум:
25.06.2026 година (четврток)
НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
ЕЛЕКТРОНСКИ
Студентите пријавуваат испити во системот iKnow на 25.06.2026 година (четврток), следејќи го корисничкото упатство за студенти за менување лозинка, логирање и пријавување на испити.
ФИЗИЧКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
По електронското пријавување, студентите се должни физички да ги достават пријавите во Службата за студентски прашања на 25.06.2026 година (четврток). Бројот на електронската пријава (генериран во системот iKnow) задолжително се запишува на хартиената пријава што се доставува во службата.
НАПОМЕНА:
Покрај доставувањето на пријавата, студентите се должни да достават и уплатница за дополнителниот термин за полагање во летниот испитен рок, согласно Одлуката за износи за плаќање за дополнителните испитни сесии на прв и втор циклус студии.
Распоредот можете да го преземете на следниот ЛИНК.