Услови за аплицирање:
- Студентот да биде во завршна година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
- Студентот да има солидно познавање на Англиски јазик.
- Студентот да поседува организациски вештини, ориентираност кон тимска работа и иницијативност.
- Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.
Времетраење на пракса:
Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во сектор Човечки ресурси, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 02.04.2018 год.
Обврска на практикантот:
- да достави потполнет документ за упатување на пракса од факултетот испечатен на официјалниот меморандум од факултетот и заверен со потпис и печат од студентската служба.
- континуирано да води дневник за текот на праксата.
- задолжителна редовност во компанијата за периодот на пракса.
Обврска на компанијата:
- да му обезбеди ментор на практикантот.
- да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
- да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.
Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на ОКТА, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 21.03.2018год.