На 22.3.2024 г., Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше домаќин на делегација од професори и студенти на FLETCHER, Graduate School of global affairs at Tufts University предводена од Арик Бураковски помошник директор на програмата за Русија и Евроазија при Флечер школата. Одржаа средба со Деканот на Факултетот проф. д-р Сашо Георгиевски и панел дискусија со професорите Ненад Марковиќ, Ирена Рајчиновска Пандева од Правниот факултет, Албулена Халили од Универзитетот Југоисточна Европа, Билјана Бејкова од ИнфоЦентар, Филип Стојановски од Метаморфозис и Сефер Селими од Democracy Lab.