ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на нашиот почитуван професор и колега

ПРОФ. Д-Р ТРАЈАН БЕНДЕВСКИ
редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
1937-2025
Со смртта на проф.д-р Трајан Бендевски, загубивме драг и почитуван колега, автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач и одличен педагог.
Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот и посветеноста карактеристични за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.
Посмртните останки на проф.д-р Трајан Бендевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 11.11.2025 година (вторник) од 12,30-13,30 часот.
Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје