Продолжување на Повикот за регионална програма за студенти/млади истражувачи до 21 Јануари 2024

Дополнителни информации во врска со повикот:

Во соработка со Центарот за наука и иновации (Албанија) и Иницијатива за човекови права (Србија) неодамна објавивме Повик за апликации на Регионалната програма за мобилност на младинско лидерство (RYLMP), наменет за студенти/активисти/млади истражувачи од Северна Македонија, Албанија или Србија, кои имаат интерес за истражување и застапување за прашања поврзани со младите. Крајниот рок за аплицирање е 29.12.2023 година.

Заинтересираните кандидати аплицираат со свои индивидуални предлози (акциони планови) за застапување базирани на факти, со помош на формуларот за предлози кој е прикачен на повикот и со пополнување на формата за апликација, во рамките на една од приоритетните тематски области:1) Регионална соработка и европска интеграција;2) Образование и можности за вработување;3) Миграција и одлив на мозоци;4) Младинско учество и5) Младинска акција кон двојна транзиција: дигитална и зелена.Кандидатите се охрабруваат да аплицираат со конкретизирани и специфицирани планови во една од областите споменати погоре. По евалуацијата, избраните учесници (стипендисти на RYLMP) ќе бидат поделени во групи од тројца, по еден учесник од секоја земја во согласност со нивните полиња на интерес. Тие ќе работат со своите врсници и менторска поддршка на нивните акциони планови базирани на факти. Дополнително, планирании се два двонеделни периоди на истражувачка мобилност во секоја земја.

За време на проектот, на учесниците ќе им биде обезбедена стипендија во висина од 2.000 долари од страна на Фондацијата Отворено општество со цел покирање на патните трошоци, сместувањето и други поврзани трошоци за успешно завршување на активностите за истражување и застапување.

Работниот јазик на сите активности на програмата е англиски.

Доколку имате прашања или ви се потребни дополнителни информации во врска со повикот, може да се обратите кај Проектната координаторка на Програмата за истражување анализа и креирање на младински образовни политики, на lucija_chukelovska@mof.org.mk или на 078/914-495.

Повик за Регионална програма за мобилност на младинско лидерство (линкови од Facebook и Instagram постови)

Со почит,