Почитувани студенти,
во прилог се резултатите од испитот по Финансово право спроведен на 15.6.2026 година во рамки на втората декада на јунската испитна сесија во учебната 2025/2026 година.
Увид во тестовите може да се изврши во среда, 17.6.2026, во 12 часот во кабинетот на проф.Елена Нешовска Ќосева.
Терминот за впишување на оцените во индекс е 18.6.2026 година (четврток), во 11 часот во амф.5.
За впишување на оценките не се бара лично присуство; студентите кои ќе го пропуштат овој термин оценка ќе можат да земат ЕДИНСТВЕНО во претходно определен термин по завршување на јунската дополнителна сесија. Во терминот во четврток оценка ќе можат да земат и студентите кои испитот го положиле во некоја од претходните испитни сесии.
Катедра по финансово право