ПРВ ЦИКЛУС – ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО: ТЕРМИН ЗА ЗАВРШЕН ИСПИТ ВО ЈУНСКА ДОПОЛНИТЕЛНА СЕСИЈА
Се известуваат студентите дека завршниот испит по облигационо право ќе се полага на 27.06.2018 година, од 14:00 часот, во амф. 4. Студентите задолжително да го пријават испитот на Службата за студентски прашања најдоцна на 26.06.2018 (понеделник) и со себе да носат индекс.
Ј. Дабовиќ
Н. Гавриловиќ
Н. Здравева
ВТОР ЦИКЛУС – ИСПИТИ КАЈ Ј. ДАБОВИЌ, Н. ГАВРИЛОВИЌ И Н. ЗДРАВЕВА: ТЕРМИН ЗА ЗАВРШЕН ИСПИТ ВО ЈУНСКА (ДОПОЛНИТЕЛНА) СЕСИЈА
Се известуваат студентите дека испитите по следните предметни програми:
- договорно право (задолжителна за насока по граѓанско право),
- право на интелектуална сопственост (задолжителна за насока по деловно право),
- Competition & Antitrust (задолжителна за насока по право на интелектуална сопственост),
- отштетно право (изборна од модул за насока по граѓанско право),
- право на интелектуална сопственост (изборна од модул за насока по граѓанско право),
- конкурентско право (опциона од деветти семестар),
- потрошувачко право (опциона од деветти семестар),
- договорно право (опциона од деветти семестар),
- интернет право (опциона од деветти семестар),
- право на интелектуална сопственост (опциона од деветти семестар),
- договори на автономната трговска практика (опциона од деветти семестар), и
- отштетно право (опциона од деветти семестар),
ќе се одржат на 27.06.2018 година, со почеток од 14:00 часот, во амф. 4.
Студентите задолжително да го пријават испитот на Службата за студентски прашања најдоцна на 26.06.2018 (понеделник) и со себе да носат индекс.