На 14ти ноември во Белград, делегација од професори од Правниот факултет – проф д-р Лазар Јовевски, проф д-р Димитар Гелев и проф д-р Биљана Петревска присуствуваше на состанок со експертите и партнерите од проектот „Колективно договарање и еколошка одговорност – предизвици и перспективи за транспортот и јавниот сектор – CERP“, каде и Правниот факултет „Јустинијан Први“ е еден од партнерите. На овој состанок беа презентирани прелиминарните резултати, заклучоците и препораките од националните деск анализи и националните фокус групи/интервјуа од страна на националните експерти. Во прилог се краткиот извештај и статија од состанокот.
Funded by the European Union. Views and opinions expressed are however those of the author(s) only, and do not necessarily reflect those of the European Union or European Commission. Neither the European Union nor the granting authority can be held responsible for them.