На 13.11.2017 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа работилница на тема „Подигање на свесноста на заедничката соработка на Советот на Европа и Европската Унија во насока на зголемена усогласеност на ордредени европски стандарди во избрани области“. Настанот беше организиран за студентите на повеќе Факултети при УКИМ а во коорганизација со Канцеларијата на Совет на Европа во Скопје, Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Центарот за податоци и информации на ЕУ, при Економскиот факултет во Скопје. На настанот со свои презентации и говори учествуваа: г-ѓа Анабел Регал – Делегација на ЕУ во Скопје, г-ѓа Моника Мартинез- Канцеларијата на Совет на Европа во Скопје, доц. д-р Даниела Мамучевска – ЕУИ Центар, доц д-р Ирена Рајчиновска Пандева – Правен Факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски – Правен Факултет „Јустинијан Први“ и г-ѓа Маргарита Цаца Николовска – Институт за човекови права.