Подигање на свесноста на заедничката соработка на Советот на Европа и Европската Унија во насока на зголемена усогласеност на ордредени европски стандарди во избрани области

На 13.11.2017 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа работилница на тема „Подигање на свесноста на заедничката соработка на Советот на Европа и Европската Унија во насока на зголемена усогласеност на ордредени европски стандарди во избрани области“. Настанот беше организиран за студентите на повеќе Факултети при УКИМ а во коорганизација со Канцеларијата на Совет на Европа во Скопје, Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Центарот за податоци и информации на ЕУ, при Економскиот факултет во Скопје. На настанот со свои презентации и говори учествуваа: г-ѓа Анабел Регал – Делегација на ЕУ во Скопје, г-ѓа Моника Мартинез- Канцеларијата на Совет на Европа во Скопје, доц. д-р Даниела Мамучевска – ЕУИ Центар, доц д-р Ирена Рајчиновска Пандева – Правен Факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски – Правен Факултет „Јустинијан Први“ и г-ѓа Маргарита Цаца Николовска – Институт за човекови права.

 

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux