Курс по Cyber Hygiene

Почитувани студенти,

Доколку сакате да се запознаете со главните сајбер ризици и безбедносни
напади во дигиталниот свет, како и да научите „трикови“ за заштита на
вашите лични податоци, електронски уреди, мобилни телефони и други
информациски ресурси – повелете на е-learning курсот:

Cyber Hygiene – Основни сигурносни правила во дигиталната околина-

Курсот е бесплатен за студентите на нашиот Универзитет, и веќе е
започнат (од овој месец), и ќе трае до Март 2021.
За да се регистритате одете на:

https://cybereducation.org/mc/index.php/usr/login/login

* Следнуваат и дополнителни награди за најуспешните на курсот.

За повеќе информации за курсот – разгледајте го памфлетот во прилог!

** При регистрација, мала помош: Во делот „Линија на активност* “
изберете „Универзитетски студент“, а потоа ќе ви се отворат три нови
полиња кои треба да ги пополнете,
па така во делот „Оддел*“ изберете го Универзитетот св. Кирил и Методиј
во Скопје, но на англиски јази, почнете со впишување првите букви
(пример:
St. Cyril and Methodius …) и ќе излезе предлог да го селектирате нашиот
Унивезитет.
Потоа во делот „Работно место * “ изберете го Факултетот каде што
студирате, повторно со впишување на англиски јазик на неколку почетни
букви од факултетот (пример за внесување: Faculty of Elec…) и одберете
го понудениот Факултет од листата.

Ве очекуваме.

СООПШТЕНИЕ

Рокот за пријавување испити во дополнителната сесија се продолжува до среда, 10 февруари 2021 година. 

Во прилог линк од соопштението за пријавување. ЛИНК

СООПШТЕНИЕ

Рокот за заверување и запишување семестар во студентски прашања и iKnow системот е продолжен до 12.2.2021 година.

СООПШТЕНИЕ за упис на летен семестар 2020/2021 во iKnow системот за ВТОР циклус на студии

Запишувањето на летниот семестар во учебната 2020/2021 година, за студентите запишани на втор циклус студии на Правниот Факултетот “Јустинијан Први” во Скопје, ќе се ги содржи следниве чекори:

  1. Електронско запишување на семестар и предмети од 25.01.2021 до 05.2.2021 година

Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk  студентите треба задолжително да го запишат летниот семетар 2020/2021 и да ги изберат соодветните предмети, пред физички да го запишат семестарот во студентски прашања.

– Студентите кои запишуваат ОСМИ семестар по студиите:

Граѓанско материјално и процесно право, Деловно право, Казнено право, Римско право и приватноправна традиција, Историја на правото, Корпоративно право НЕ запишуваат семестар и предмети во IKNOW. На денот за запишување на летен семестар во Службата за студентски прашања пополнуваат  ЛИСТ на кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да одберат МОДУЛ и да ги запишат ПРЕДЕМТИТЕ што ќе ги слушаат во осмиот семестар.

Во прилог се дадени линкови од сите студии на постдипломски.

https://pf.ukim.edu.mk/правни-студии/

https://pf.ukim.edu.mk/politichki-studii/

https://pf.ukim.edu.mk/studii-po-novinarstvo/

https://pf.ukim.edu.mk/odnosi-so-javnost/

  1. Студентите со  веќе електронски запишан семестар и предмети во iKnow системот, студентите во студентски прашања ја приложуваат целосната документација во соодветниот термин.

– Запишаните предмети од iKnow системот, студентите ги запишуваат во A3 образецот за запишување на семестар во делот задолжителни и изборни предмети.

Прирачник-за-запишување-семестар-и-предмети-во-IKNOW-системот

СООПШТЕНИЕ за упис на летен семестар 2020/2021 во iKnow системот за ПРВ циклус на студии

Запишувањето на летниот семестар во учебната 2020/2021 година, за студентите запишани на прв циклус студии на Правниот Факултетот “Јустинијан Први” во Скопје, ќе се ги содржи следниве чекори:

1. Електронско запишување на семестар и предмети од 25.01.2021 до 05.2.2021 година за студенти запишани за прв пат во прв семестар во учебната година 2018/19, 2019/20 и 2020/21.

Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk  секој студент запишан за прв пат во прв семестар во учебната година 2018/19, 2018/19 и 2020/21 треба задолжително да го запише летниот семетар 2020/2021 и да ги избере соодветните предмети, пред физички да го запише семестарот во студентски прашања.

– Студентите од генерациите пред 2017/18, со 2017/18 учебна година запишувањето на семестар го вршат само во студентски прашања

 2. Со веќе електронски запишан семестар и предмети во iKnow системот, студентите во студентски прашања ја приложуваат целосната документација во соодветниот термин.

– Запишаните предмети од iKnow системот, студентите ги запишуваат во A3 образецот за запишување на семестар во делот задолжителни и изборни предмети.

Прирачник-за-запишување-семестар-и-предмети-во-IKNOW-системот

Конечна ранг листа на кандидати за упис на трет циклус на стдуии за студиската програма правни науки (втор уписен рок) за академската 2020/21 година на УКИМ

Почитувани,
Во прилог се објавува Конечна ранг листа на кандидати за упис на трет циклус на стдуии за студиската програма правни науки (втор уписен рок) за академската 2020/21 година на УКИМ. Уписот на кандидатите ќе се одвива на 25.1. – 29.1.2021 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Read more…