Почитувани студенти,
На овој линк можете да ги погледнете резултатите од завршниот испит по предметот Административно право одржан на 25.01.2023 година.
Почитувани студенти,
На овој линк можете да ги погледнете резултатите од завршниот испит по предметот Административно право одржан на 25.01.2023 година.
Почитувани колешки и колеги,
Во прилог се резултатите од испитот по меѓународно приватно право одржан на 25.1.2023 година.
Впишување на оцените и увид во тестовите (прва и втора декада) ќе се спроведе на 1.2.203 година (среда) во 12:00 часот во Депозитната библиотека на ООН (просторијата пред Читалната на Правниот факултет).
НАПОМЕНА: Положен квалификационен колоквиум во зимската испитна сесија (прва и втора декада) се прифаќа во дополнителниот термин.
Почитувани колеги,
Оценки по предметот Граѓанско процесно право на додипломски студии и предметите Парнично право, Вонпарнично и извршно право, Нотарско право, Арбитражно право, Алтернативно решавање на спорови, Стечајна постапка и ГПП на ЕУ на мастер студии, ќе се впишуваат на 31.01.2023 година (вторник), во 12 часот во кабинетот на проф. д-р Ракочевиќ.
Се замолуваат студентите да го почитуваат посочениот термин, бидејќи надвор од определените термини нема да се впишуваат оценки.
Впишување оцени, увид во полагањето од последната сесија и доиспрашување за студентите кои сакаат да одговараат за повисока оцена ќе биде на 27.01.2023 во 10 часот.
РЕЗУЛТАТИ
Почитувани студенти,
во прилог се резултатите од завршниот испит по предметот Финансово право кој во рамки на првата декада се спроведе на 20.1.2023 година.
Увид во тестовите можете да извршите на 1.2.2023 (среда) во 11часот во кабинетот на проф.д-р Елена Нешовска Ќосева.
Терминот за впишување на оценки ќе биде дополнително определен и објавен по спроведување на испитот во втората декада.
Катедра по финансово право
Во прилог е списокот на студенти кои имаат право да го полагаат завршниот испит по предметот Финансово право во првата и втората декада (ВАЖНА НАПОМЕНА: Списоците од двете декади се дадени во објавениот excel документ, на засебни sheet-ови кои се соодветно именувани!!!).
Студентите кои во списокот се означени со црвено немаат право да полагаат во јануарската испитна сесија; Студентите кои испитот го пријавиле за прва декада, а нема да дојдат на испитот во петок пријавата автоматски ќе им биде префрлена за испитот по Финансово право во втората декада.За потсетување, испитот во прва декада ќе се спроведе во петок (20.1) со почеток во 10:30 часот во амф.2, додека, пак испитот во втора дека на 3.2 (петок) во 10:30 часот во амф.2.
Катедра по Финансово право