Регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност(ORF-EE) организира Летна школа 2018

Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност (ORF-EE), имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), заедно со Енергетската Заедница од Виена, организираат Летна школа 2018. Летната школа ќе се одржи во Сплит, Хрватска, во периодот помеѓу 25-ти август и 1-ви септември 2018 година, а Факултетот за електротехника, машинство и поморска архитектура од Сплит (https://eng.fesb.unist.hr/) е домаќин оваа година.

Школата е наменета за студентите на магистерски или докторски студии, младитe екперти, истражувачи, невладиниот сектор, вработените во јавните институции итн. кои доаѓаат од Европа и пошироко. Тема на школата ќе биде енергија и други релевантни под-теми кои се поврзани со енергијата како главна тема. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани високо квалификувани експерти од Европската Унија и регионот. Сите информации и материјали за Летната школа  можете да ги најдете на следнот линк:

 

https://www.energy-community.org/aboutus/summer-school.html

 

Организаторот ги покрива трошоците за учество на летната школа и сместувањето.

 

Краен рок за аплицирање е 31.03.2018.

Дополнителни информации поврзани со годинешната школа, како напатствија за аплицирање, можете да најдете на следниот линк:

 

https://energy-community.org/aboutus/summer-school/2018.html

 

Имајте во предвид дека се охрабруваат сите девојки/жени да аплицираат за учество на програмата.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux